Со што да се храниме според крвната група?

од Vlatko K
451 прегледи

Не постои такво нешто како универзална диета. Секој организам е строго индивидуален и затоа бара различна грижа и внимание. Хранењето и вежбањето според типот на фигурата, може да биде одлична идеја, но да се усогласиме нашата крвна група при изборот на нашата исхрана е најдоброто решение.

Крвната група одредува како нашето тело доживува различна храна, колку сме чувствителни на болестите, и последно, но не и најмалку важно како реагираме на стресот и оптоварувањето. За секоја крвна група – A, B, AB и 0 – се применуваат различни правила, кои, ако се исполнат, ќе резултираат со значително подобрување во нашето здравје, изглед, па дури и расположение.

Крвна група А

Ако сте од оваа група, заборавете на тешки и мрсни меса. Причината е дека оваа крвна група има послаб имунитет и е предиспонирана на срцеви заболувања и дијабетес.

Диетолозите препорачуваат да земате што е можно посвежа и органска храна, а за најдобри резултати да не консумирате никакво месо. Ако ја исклучите високопротеинската храна од менито и се фокусирате на свежо овошје и зеленчук, ќе имате многу повеќе енергија и сигурно ќе ослабете.

Крвна група Б

Претставниците на оваа крвна група имаат силен имунитет и брз метаболизам, но сепак треба да се откажат од пченката, брашното, доматите, леќата и оревите.

Нутриционистите советуваат да јадат повеќе зелен зеленчук и помалку маснотии. Почитувањето на ова правило, ќе ве натера да се чувствувате подобро и соодветно ќе ја почуствувате разликата и во килограмите.

Крвна група АБ

Оваа крвна група е многу ретка – само 5% од популацијата. Претставниците на оваа група треба да избегнуваат кофеин, алкохол и скоро сите печени и димени меса.

Нутриционистите препорачуваат зголемен внес на морска храна, млечни производи и зелен зеленчук, како и исхрана често и во мали порции. На овој начин нема да ги задржите мастите и да се ослободите од вишокот токсини.

Крвна група 0

Ако сте во оваа група, вие сте доволно среќни да ги разградите и протеините и маснотиите. Сепак, треба да престанете да јадете зрнеста храна, поради содржината на глутен во нив.

Нутриционистите ве советуваат да се обложите на риба и зеленчук, како и на производи кои не содржат глутен. Ова ќе го забрза вашиот метаболизам, и така ќе ги намалите вишокот килограми.

Слични содржини