Да се биде со некој кој нема самодоверба, или кој тешко ги искажува емоциите ним не им е привлечно сценарио
Дали некогаш сте се прашувале зошто паметните и атрактивни девоји често се сами? Не, тие не се соло затоа што имаат превисоко мислење за себе или мислат дека се супериорни, туку затоа што не можат да најдат партнер достоен на нивната љубов и почит.
Тие не сакаат да трошат време и енергија на некој кој не може да го следи нивниот ритам и држи чекор со нив по прашања битни за секој аспект на животот.
Еве некои од причините:
1. Имаат високи критериуми
Овие девојки се многу свесни за сопствената вреднсот, па не се согласуваат на врска со некој кој не го заслужува нивниот труд и внимание. Нивниот маж мора да биде јак, полн самодоверба и потполно независен.
2. Многу труд и енергија вложуваат во други аспекти на животот
Паметните иа амбициозни жени многу енергија вложуваат во постигнување на своите цели, како на приватен, така и на работен план. Тие не чекаат нешто да им падне од небо, туку преземаат иницијатива и се борат за тоа што го сакаат. Тие едноставно не поднесуваат мажи кои немаат никакви амбиции и кои се пасивни.
3.Сами на себе се доволни
На овие дами не им е потребен маж за да се чувствуваат емотивно исполнето и остварено. Тие веќе имаат одлични пријатели и успешни кариери. Доколку одлучат да бидат со некој, тој мора да почитува се наведено.
4. Не толерираат испади, ниту се подготвени на големи компромиси
Тие никогаш не дозволуваат некој да манипулира и да си игра со нив. Не дозволуваат некој да ги лаже, да се игра со нивните чувства или да ги изневери.
5. За нив не постои принц на бел коњ
Тие порансале и не веруваат во такви бајки… Ним не им е потребен маж за да се чувствуваат сигурно и заштитено. Дури и да имаат деца со нив, затоа што не се плашат да бидат самохрани мајки.