Подгответе си малку поинаков коктел – Негрони

од desk2
157 прегледи

 

Коктелот негрони е одличен аперитив за пред вечерата. Неговиот богат вкус ќе ви го отвори апетитот за со сласт да го консумирате последниот оброк во денот, а неговиот изглед на полиран рубин ќе ви го привлече погледот како со магнет.


Потекло
Негрони се смета за италијански коктел кој води потекло од почетокот на 20-тиот век. Во 1919 година во Фиренца, грофот Камило Негрони побарал од шанкерот да му засили омилениот коктел – американо, така што во него наместо газирана вода да додаде џин.

Шанкерот го украсил коктелот со парче портокал наместо со традиционалниот лимон, за да означи дека се работи за нов коктел. Така бил создаден коктелот негрони.

СОСТОЈКИ
30ml џин
30ml вермут
30ml Кампари
парче портокал

ПОДГОТОВКА
Во шејкер ставете неколку коцки мраз и додајте ги џинот, вермутот и Кампарито. Промешајте 10 секунди.
Во претходно разладена чаша прецедете ја течноста од шејкерот. Чашата може да биде или ниска и широка или чаша за мартини.
Ставете во коктелот тенко парче портокал и послужете веднаш.

ВАРИЈАЦИИ
Американо – газирана вода наместо џин.
Негроски – вотка наместо џин.
Негрони збаљато (погрешно негрони) – газирано вино наместо џин.