АА: МВР и обвинителството да реагираат на заканите против Села исто како за Заев

од desk2
122 прегледи

 

Го повикуваме јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи под итно да преземат соодветни законски мерки и да ги најдат заканувачите на претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села. Се работи за кукавички закани од хулигани кој постојано упатуваат навреди кон пратеникот и претседател на партијата Зијадин Села, потсетувајќи го на настаните од 27 април минатата година, соопшти Алијансата за Албанците .

Една таква закана синоќа беше упатена од фејсбук профилот „Македонски лавови“.

„Ја потсетуваме јавноста дека овие закани воопшто не го плашат претседателот Села и Алијансата за Албанците, но влијаат во нарушувањето на меѓуетничките односи, посебно кога институциите не преземаат мерки за изнаоѓање и казнување на хулиганите.

Ги потсетуваме МВР и јавното обвинителство дека пред извесно време имаше закана кон премиерот Зоран Заев. Тогаш и МВР и обвинителството експресно ги пронајдоа сторителите кои упатија слични закани како оние од вчера против пратеникот Зијадин Села. Обвинителството работи со двојни стандарди, едни за Албанци и други за Македонци“, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците која апелира до сите граѓани да не подлегнуваат на ваквите провокации на хулиганите кои поттикнуваат етничка омраза.„Зошто МВР и обвинителството не реагираат на заканите против Села исто како што реагираа на заканите против Заев?“