125
Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Попладне во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 20 до 30 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
Од среда ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура.