Опозициските партии на Косово денеска ќе побараат одржување вонредна седница на Собранието на која би требало да биде донесена резолуција со која на косовскиот претседател ќе му биде забрането во дијалогот со Белград да разговара за поделба или за корекција на границата со Србија.
Ова го изјави шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово Авдулах Хоти. Се бара таа седница да биде одржана на 4 септември, три дена пред средбата на претседателите на Косово и на Србија Хашим Тачи и Александар Вучиќ во Брисел.