Хан: Пристапните преговори во иднина ќе траат подолго

од desk2
90 прегледи

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан укажува дека пристапните преговори во иднина ќе траат подолго, отколку што тоа беше случај до сега.

„Квалитет пред брзина“, рече Хан во интервју за автрискиот дневник „Tiroler tagescajtung“.

Рече дека членствата на земјите како Унгарија и Романија, „покажале многу“.

„На крајот на болниот процес граѓаните сакаат да видат владеење на правото, како што се виде на протестите во Романија против корупцијата“, наведе Хан.

Тој рече дека ЕУ извлекла поуки од досегашните простапни процеси.
„Процесите кои ги поттикнуваме на Западен Балкан треба да добијат многу повисоко ниво на неповратност кога станува збор за воспоставување на владеењето на правото и борбата против корупцијата“, објасни Хан.