Вуди Ален планира долга пауза по неговиот 48-ми филм

од Vlatko K
120 прегледи

Вуди Ален планира долга пауза оваа година по финализирањето на промоцијата на неговиот 48-ми филм „Дождлив ден во Њујорк“.

Режисерот, на возраст од 82 години, снима нов филм секоја година.

„Вуди сака да работи. Тој никогаш не оди на одмор. Оваа година, сепак, ќе се одмори“, рече човек од неговото опкружување пред „Њујорк пост“.

Вуди Ален се најде во центарот на вниманието на движењето #MeToo кога рече дека треба да го посочуваат за пример, бидејќи е во филмската индустрија веќе 50 години, но ниту една актерка не се пожалила од него.

Тој, сепак, беше обвинет за злоупотреба од посвоената ќерка Дилан Фароу во 1992 година. Тогаш обвинителството не откри доволно докази за процесот. Дилан, која веќе има 32 години, ги повтори обвинувањата, окрилена од движењето и неколку ѕвезди од филмовите на Вуди Ален, кои рекоа дека не би работеле повеќе со него, потсетуваат агенциите.