Вечер од 22:00 до 23:00 часот ќе се изврши санирање на дефект на дел од опремата инсталирана во тунел 1 Демир Капија, правец Гевгелија – Скопје, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

– Поради овие причини десната сообраќајна лента во тунел 1 Демир Капија ќе биде затворена во наведениот период. Во овој период брзината во тунелот ќе биде ограничена на 40 километри на час и сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента, велат од АМСМ.