Луѓето кои јадат повеќе црвено месо и сирење од препорачаното живеат подолго, објави Дејли телеграф. Објавувањето се однесува на научниците од Универзитетот Мекмастер во Канада.
Според експертите, три порции полномасни млечни производи и една и пол порција месо дневно можат да го намалат ризикот од рана смрт со една четврт.Резултатите од истражувањето се спротивни на препораките на здравствените власти да се ограничуваат полномасните производи.
Луѓето кои јадат повеќе масти обично ги намалуваат јаглехидратите кои никако не се корисни кога се преработени и слатки храни.Вo истражувањето се опфатени 220 000 луѓе.
“Резултатите ни покажуваат дека млечните производи и месото се корисни за срцето и за долговечноста – сумираше д-р Салим Јусуф од тимот. – Тоа е спротивно на сегашните здравствени препораки”.
Канадските научници не ја гледале потрошувачката на пилешко месо, но други истражувања покажуваат дека тоа заштитува од рана смрт на ист начин како црвеното месо.
Здравата исхрана, исто така, треба да има осум порции овошје и зеленчук дневно и половина дел од јатки и зрнеста храна, потсетуваат канадските научници.