Затворена пукнатината на Меѓународната вселенска станица

од desk2
92 прегледи

Астронаутите успеаја да ја затворат дупката од рускиот модул на Меѓунардоната вселенска станица. НАСА и руските експерти потврдија дека животите на шесте астронаути не се во опасност по протекувањето на воздух.

Протекувањето беше откриено вчера, по опаѓање на притисокот во кабината на рускиот модул. Се претпоставува дека штетата е настаната како последица од удар на микрометеорид. Како што пренесува агенцијата PA, на капсулата Soyuz, која е споена со Станицата, пронајдена била дупка широка 2 милиметри. Астронаутите реагирале брзо и преку дупката ставиле специјална лента со која истекувањето е забавено, а се работи за конечно решавање на проблемот. Дупката е пронајдена во горниот дел на Soyuz, кој не се враќа на Земјата.

Моментално, на Станицата има тројца Американци, двајца Руси и еден Германец.