Тероризам: За самоубиствени мисии користат ментално заболени луѓе?

од desk2
82 прегледи

Терористите не бираат начини да ја шират својата пропаганда и идеологија со надеж дека ќе привлечат маргинализирани луѓе во општеството, пишува New York Times.

Откако еден 31-годишен човек со камион прегази 86 луѓе во Ница, Франција неговиот шокиран татко на новинарите им раскажа дека неговиот син доживеал нервен слом. Кога Омар Матин со полуавтоматска пушка уби 49 луѓе во ноќен клуб во Орландо, роднините го опишаа како биполарен.

Во Канада минатиот месец 29-годишен маж на улица пред преполно кафуле пукаше во луѓето, убивајќи двајца, додека 15 беа ранети. Неговото семејство излезе со изјава дека Фаисал Хусеин долго време се борел со ментална болест. Терористичката организација Исламска држава понуди поинакво објаснување, дека сите тројца биле нивни војници.

По соопштението на семејството Хусеин, Исламска држава излезе со свое известување во кое тврди дека напаѓачите биле инспирирани од нивата терористичка група и со тоа започнаа дебата дали поединец, кој е ментално болен, може да се каже дека функционира како дел од терористичка група.

„Нашиот син се носеше со неколку ментални предизвици, се бореше со психози и депресија цел живот“, вели семејството Хусеин. Нивната изјава стига ден откако Фаисал уби 10-годишо девојче и 18-годишна девојка.

До ден денес не се собрани докази со кои се потврдува дека човекот навистина бил инспириран од Исламска држава, а полицијата ја отфрли поврзаноста со тероризам. Хусеин си пукал во главата по нападот, а самоубиството се смета за табу тема меѓу џихадистите.

Исламска држава е многу вешта во привлекувањето млади и ранливи мажи и жени. Иако во повеќето случаи ваквите напади се планираат и спроведуваат со шифрирани пораки тие употребуваат и други методи. Шират пропаганда со надеж дека некаде ќе резултира со успех.

Според студија од 2017 година, повеќето луѓе кои сториле терористички чин во име на Исламска држава страдале од ментално нарушување. Скоро третина од 76 луѓе вклучени во 55 напади имале минато со психолошка нестабилност. Студијата е направена од центарот West Point’s Combating Terrorism.