Македонскиот претседател Ѓорге Иванов нема да биде во земјата за време на референдумот за промена на името и членството на Македонија во НАТО и во Европската унија, објавуваат медиумите во соседтвото повикуваќи се на македонските медиуми

За време на консултациите, Иванов ќе биде во Њујорк на седницата на Генералното собрание на ОН. Оваа година тоа ќе се одржи од 25 до 30 септември. Според веб-страницата на ОН, Иванов ќе одржи говор на 27-ми септември, додека пак самиот референдум е закажан за 30-ти септември.
Нема информација дали претседателот Иванов , ако не се врати во Макаедонија, на овој историски ден за Македонија, ќе го искористи своето право и обврска , и ќе се пријави да гласа во во амбасадата на Македонија во САД .
Слободен печат: По истекот на мандатот Иванов се сели или бега во Турција?
Според последното истражување мнозинството од Македонците / 57% / ќе гласаат “За” на референдумот за промена на името, кој ќе го отвори патот на земјата за членство во евроатлантските организации.