Лондонскиот аеродром Heathrow е најпрометниот во Европа, па многу патници поради редовно големите гужви на овој аеродром, би можеле да помислат дека тој е и најпрометниот на светот, меѓутоа тоа воопшто не е така.

Heathrow со 78 милиони патници годишно се наоѓа дури на седмото место, во споредба со други големи светски воздушни пристаништа.
Најпрометниот аеродром на светот е Hartsfield-Jackson, кој се наоѓа во Атланта, а каде годишно поминуваат дури 104 милиони патници.
Овој аеродром веќе неколку години по ред е лидер по бројот на патници во светот.
Пекинг и Дубаи
Втор најпрометен аеродром во светот е оној во Пекинг, каде минатата година поминаа 95,8 милиони патници, а трет е аеродромот во Дубаи со 88,2 милиони патници.
Веднаш по нив следува аеродромот во Токио со 85,4 милиони патници годишно, па аеродромот во Лос Анџелес со 84,6 милиони. Пред Лондон се наоѓа уште аеродромот во Чикаго.
Сепак, овој распоред во блиска иднина би можел да се промени, бидејќи во светот моментално се градат неколку мега аеродроми, како новите во Пекинг и Истанбул, кои ќе имаат капацитети да примаат и поголем број на патници од наведениве.