Завршува судењето за украдените шпански бебиња

од desk2
153 прегледи

Првото судење поврзано со илјадници сомнителни случаи за украдени бебиња од нивните мајки во времето на диктаторот Франко во Шпанија завршува денеска, децении откако скандалот беше откриен.

Едуардо Вела, 85, поранешен гинеколог во сега веќе непостоечката болница во Мадрид, е обвинет дека во 1969 година ја зел Инес Мадригал, сега 49 годишна, од нејзината биолопка мајка, и ја дал на друга жена која ја одгледала, а во изводот лажно е заведена како нејзина биолошка мајка.

„Ова е важен ден за нас. Се надеваме дека ќе заврши денеска и дека ќе има казна“, рече Мадригал пред судот.

Активисти велат дека има илјадници слични случаи кои датираат од времето на диктатурата на десницата од 1939 до 1975 година кои не стигнале на суд поради недостиг на докази или поради застареност на случаите.