Тајната служба на САД е државна организација која отсекогаш била мистериозна и за која постојат многу митови и приказни. Постојат 20 факти за американската тајна служба, кои ќе ни помогнат барем малку подобро да се запознаеме со нејзиниот начин на работа.
1. Многумина мислат дека во оваа организација работат околу 100 или помалку луѓе. Меѓутоа, реално тука се вработени дури 6.500 луѓе. Според достапните информации, во тајната служба на САД работат 3.200 специјални агенти, 1.300 службеници за специјални полициски дивизии и 2.000 технички и административни работници.
2. Ако внимателно се погледнат фотографиите на кои се наоѓаат припадници на тајната служба на САД, може да се забележи дека нивните раце секогаш се на градите и во секој момент се подготвени да реагираат на каква било опасност за претседателот или некоја висока државна личност. 
3. Иако во филмовите припадниците на американската тајна служба постојано носат црни очила за сонце, во реалниот живот не е секогаш така. Доколку нон-стоп ги носат тогаш агентите би можеле да пропуштат многу важен детал при обезбедувањето на високи претставници или претседателот на САД. Секако понекогаш ги носат, со цел да прикријат во кој правец гледаат, во зависност од обезбедувањето на просторот околу претседателот.
4. Тајната служба не е основана за да го заштитува претседателот, туку за да ги решава финансиските измами.
5. Американската тајна служба е основана оној ден кога е убиен претседателот на САД, Абрахам Линколн. Таа идеја му е предложена на шефот на државата на 14 април 1865 година, а само неколку часови подоцна тој бил убиен.
6. Зградата каде што е сместена тајната служба не е обележана со никакви посебни знаци. Познато е само дека се наоѓа во Вашингтон. 
7. Само еден агент досега настрадал додека бил на должност. Станува збор за Лесли Кофелт, кој е убиен во 1950 година додека го штител Хари Труман.
8. Не се сите подготвени да го дадат својот живот за претседателот. Иако често во филмовите е претставено дека припадниците на тајната служба се подготвени да загинат за претседателот, тоа во реалниот живот не е така.
9. Агентите на тајната служба на САД се високо обучени агенти, подготвени да го следат секое движење околу себе, да ги снимаат сите случувања, но и да ги забележат најситните детали во просторот на следење на високите претставници или американскиот претседател.
10. Тие секојдневно ја проверуваат поштата на претседателот на САД, со цел да осуетат евентуална закана.
11. Од претседателот не се оддалечуваат ниту кога тој треба го посети својот лекар. Се проверува буквално се.
12. Припадниците на тајната служба кои го чуваат претседателот мораат да прават се што прави и тој, па дури и да го следат за време на неговите спортски активности, доколку ги има. 
13. Претседателот на САД никогаш (според правилото на тајната служба) не треба да биде сам. Меѓутоа, ако сепак инсистира да остане сам во Овалниот кабинет, тајната служба секогаш може да следи сомнителни движења преку сензорите на под, кои се наоѓаат во собата.
14. Тајната служба има кодно име за секој американски претседател. За Бил Клинтон било „Eagle“ (орел), за Џими Картер „Deacon“ (ѓакон), за Џор Буш Помладиот „Acrobat“ (акробат), а за Барак Обама кодното име било „Renegade“ (одметник).
15. Планината Ведер не е мит. Под неа се наоѓа бункер, каде секогаш се крие еден член на владата, додека другите се на заеднички состанок. Доколку терористи го нападнат државниот врв, секогаш ќе остане еден висок функционер.
16. Специјалните агенти на САД знаат и можат да пружат прва помош, тие секогаш со нив носат и резерви на крв за претседателот доколку се случи некоја непредвидена ситуација, бидејќи не сакаат да ризикуваат со потенцијални донори. 
17. Исто така, специјалните агенти на тајната служба на САД се обучени да пружат прва помош и во критични ситуации, пред да пристигне амбулантно возило.
18. Агентите се добро увежбани и подготвени да примат куршум, па дури и да преживеат во вода. Пред секој важен настан тие го испробуваат секое можно сценарио кое може да се случи. Во тие вежби користат специјални куршуми и ги тренираат таквите ситуации.
19. Постојат три нивоа на кои работат овие луѓе. Веднаш не се излегува на терен, туку прво мораат да поминат три години работејќи во канцеларија. Потоа следуваат малку попредизвикувачки задачи, кои се работат од четири до седум години. Дури на крајот можат да добијат унапредување на повисока позиција или доколку сакаат можат дури и да се вратат на канцелариската работа.
20. Тие не го штитат само претседателот, туку и членовите на неговото семејство, како и поранешните претседатели и членовите на нивните семејства. Често обезбедуваат и гости и високи претставници кои доаѓаат во посета на шефот на државата.