164
Во знак на благодарност на Град Скопје и на скопјани за несебичната помош на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг по катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, улицата што ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар ќе го носи името „Улица Столтенбергова”, пренесоа од Градот.
На свеченоста по повод иницијативата за именување на улицата денеска присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.