Дека компирот добро оди со италијанскиот специјалитет, проверете од прва рака и уживајте во него со напиток со меурчиња.
Состојки
8 големи компири
3 лажички вегета
300 гр шунка за пица
500 мл сос од патлиџан
4 лажици маслиново масло
2 лажички оригано
300 гр моцарела
Подготовка
Компирите добро измијте ги и исушете. Секој компир засечете го и внатрешноста наполнете ја со вегета, ставете ги во плех за печење и дното наполнете го со вода и печете 30 минути во загреана рерна на 200 ° C.
Извадете ги компирите и во секој засек од компирите ставете шунка, прелијте ги со сос од патлиџан во која сте додале малсиново масло и оригано, секој компир посипете го со изрендана моцарела и запечете уште 7 минути, односно колку што е потребно да се стопи сирењето.
Послужете ги веднаш со чаша пиво.