Брз и вкусен ручек, ќе го обожавате!

СОСТОЈКИ:
300 гр тестенини
1 поголем карфиол (само цветовите)
125 гр путер
125 гр брашно
150 мл млеко
1 лажичка сенф
140 гр изрендано чедар сирење
презла
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Зовријте вода за тестенини. Тестенините оставете ги да бидат ал денте, а на половина од готвењето додајте карфиол. Кога ќе ги исцедите не ја фрлајте целата вода бидејќи ќе ви треба за сос.
На тава растопете путер, додајте брашно и со константно мешање додајте млеко. Кога смесата ќе згусне додајте половина од изренданото сирење и сенф. Сите состојки измешајте ги и посипете со презла и остатокот од сирењето, па запечете 5-6 минути, додека трошките не добијат златно-смеѓа боја.