Јогурт бисквит со капини

од desk2
233 прегледи

Брз и едноставен десерт – рецепт кој ќе ве воодушеви!

СОСТОЈКИ:
250 гр брашно
3 јајца
120 гр путер
180 гр шеќер
1/2 вреќичка прашок за печиво
3 лажици течен јогурт
кора од лимон
100 гр бадеми
400 гр капини
шеќер во прав за посипување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Четвртаст калап обложете со хартија за печење. Пенасто разматете жолчки, шеќер и путер. Додајте брашно измешано со прашок за печиво, јогурт и изрендана кора од лимон и сè измешајте.
На крај разматете снег од белки и со лажица наизменично измешајте го со мелени бадеми во смесата. Излејте во подготвен калап па измиените и исцедени капини распоредете ги по површината.
Печете го колачот околу 30 минути на 200 степени додека не поприми златно жолта боја. Кога ќе се излади, по желба посипете го со шеќер во прав.
Уживајте!