Преспанскиот договор е многу важен и од историска важност и, ако биде одобрен на референдумот во Македонија, ќе обезбеди единствена можност за Грција и Солун, порача вчера грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Тој се надева дека референдумот кој ќе се одржи на 30 септември, ќе биде успешен и исто така се надева дека мнозинството од грчките пратеници исто така ќе го одобрат истот тој бажен за регионот договор. По повод неговиот несогласување со Панос Каменос за договорот, Ципрас рече дека го почитува неговото мислење, но апсолутно не се согласува со него. “Верувам, и тој самиот разбира дека овој договор отвора нови изгледи за Грција”, додаде премиерот. Запрашан дали може да се одржат предвремени избори поради различните позиции во Македонија во владејачката коалиција, Ципрас предупреди дека не треба да се брза.
“Постои референдум за Скопје на 30-ти септември. Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев ќе ја добие. Потоа ќе дојде тежок процес на уставни промени што ќе заврши кон крајот на јануари. И навистина е тешко бидејќи бара промени да бидат одобрени од две третини од пратениците во македонскиот парламент “, вели Ципрас.
Потсетуваме дека на 17 јуни 2018 година во реонот на грчкиот дел на Преспа беше потпишан договорот, кој става крај на спорот за името меѓу Грција и Македонија. На церемонијата на Преспанското Езеро лоцирано на границата помеѓу Македонија, Грција и Албанија, на грчка земја во историјата отиде 27-годишниот спор меѓу Атина и Скопје за името на Македонија.
Договорот беше потпишан од министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на премиерите на двете земји – Зоран Заев и Алексис Ципрас. Според договор новото име на земјата ќе биде Република Северна Македонија, со зачуван македонски идентите и јазик и ерга омнес употреба.
Овој договор и овозможува Република Македонија да отвори преговори за членство во Европската унија и да стане полноправна членка на НАТО.
Прочети още на: http://bgnes.com/sviat/balkani/4607691/