Меѓународна коференција за корупцијата во високото образование

од desk4
84 прегледи

  Меѓународна конференција за корупцијата во високото образование ќе се одржи денеска на Универзитетот на ЈИЕ – кампус Скопје. 

Конференцијата е организирана од американската Амбасада во земјава.

Поздравни обраќа и говори ќе имаат Владимир Радевски, вицеректор за академски прашања на Универзитетот, Мишо Докмановиќ од Правниот факултет при УКИМ и Денис Фарингтон, претседател на Управниот одбор на Универзитетот.

Конференцијата ќе има три пленарни сесии на следниве теми – „Корупција во високото образование“, „Превенирање на корупцијата преку образование“ и „Свиркачи – заштита во високото образование“.