Компир со колбаси и шунка – брз ручек за цело семејство

од desk2
153 прегледи

Вкусен ручек или прилог со компир и колбаси.

СОСТОЈКИ:
250 гр. компири
малку шунка
50 гр. маргарин растопен
1 колбас
2 главици кромид
Масло
сол и бибер
магдонос
ПОДГОТОВКА: Се сече ситно кромидот и се става на масло, се пржи но не да порумени. Се додаваат сечените колбас и шунка, и се пропржуваат. Се лупи компирот, се става на маслото исечен. Се пржи. Се вади заедно со шунката, колбасите, кромидот. Се ставаат зачини и се става магдонос.

Се става горе растопен маргарин.