Министерот за локална самоуправа, Сухејил Фазлиу денеска ќе ги потпише договорите за кофинансирање на проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Косово, финансирани од ИПА Програмата на Европската унија. 
На потпишувањето ќе говорат претставникот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Фреек Јанмаат и генералниот секретар на Министерството за локална самоуправа на Косово, Розафа Укимерај.