Духот на економска слобода е од големо значење за регионот на Далечниот Исток. Ова го објави рускиот претседател Владимир Путин во својот говор за време на пленарната сесија на вториот ден од четвртиот Источен економски форум во Владивосток, на кој присуствуваат кинескиот претседател Кси Џинпин, јапонскиот премиер Шинзо Абе, премиерот на Јужна Кореја Ли Нак-јон и претседателот на Монголија Халмагин Батулуга.

 

Џинпин ги повика Москва и Пекинг да се борат против протекционизмот  заедно

 Путин додаде дека земјите треба да се воздржат од трговски протекционизам и унилатерализам .

Рускиот претседател, исто така инсистирал дека партнерите Русија, Кина, Јужна Кореја и Јапонија треба да ја “нормализираат соработката околу Корејскиот полуостров “, и да  избегнуваат појавата на нови конфликти.

Путин го нагласил значењето на јужнокорејските, кинеските и јапонските инвестиции во земјоделскиот сектор во регионот, наведувајќи дека инвеститори од Кина веќе работат на околу 30 проекти во регионот на Далечниот Исток на Русија.