Спектакуларното шоу на Ријана ја затвори Модната недела во Њујорк

од desk2
102 прегледи

Популарната пејачка Ријана со спектакуларно шоу ја затвори Модната недела во Њујорк. Таа ја претстави нејзината линија за долна облека, а за шоуто беа ангажирани танчарки и модели, меѓу кои имаше и две трудници.

Кралици на шоуто беа Џиџи и Бела Хадид, а на ревијата можеше да се видат различни дезени, бои и величини, прилагодени за секоја жена.

Целта на Ријана е да се прикаже различноста и убавината на секоја жена како најприродно нешто.