Паралелка на ПОУ „Д-р Златан Сремец“ од оваа година во ООУ „Александар Македонски“

од desk2
340 прегледи

Оваа учебна година во рамките на основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар ‒ Аеродром, ќе функционира интегирана паралелка од посебното основно училиште  „Д-р Златан Сремец“.

Од Општина Аердром наведоа дека просторијата ќе се користи без надомест, како и дека  обезбеден и бесплатeн оброк за учениците.

– Општина Аеродром ја поддржа иницијативата за подобрување на условите за реализирање на воспитно-образовниот процес за учениците од ова училиште, кои се жители на Општина Аеродром, соопштија надлежните.

Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ има девет интегрирани паралелки што го реализираат воспитно-образовниот процес во рамките на општинските училишта на територија на градот.