Huawei ќе лансира смартфон со дисплеј на преклопување во рок од една година

од Vlatko K
112 прегледи

Трката за лансирање на првиот паметен телефон со дисплеј на преклопување очигледно ќе биде одложен со текот на времето. Само пред неколку дена стана јасно дека Samsung нема да успеат да го претстават својот модел оваа година, а тоа ќе се случи во подоцнежна фаза во 2019-та. Сепак очекуваме Корејците да откријат детали за уредот во ноември. Huawei очигледно не е сосема подготвен за таков производ и нивниот предлог ќе се појави во текот на следните 12 месеци.

Ова беше јасно објавено од интервјуто на извршниот директор Ричард Ју за германски Ди Велт. Тој потврди дека Huawei интензивно работи на ваков тип на паметен телефон, но плановите се значително поголеми. За време на разговорот, Ричард Ју споменува дека тој се уште користи компјутер, бидејќи екранот на неговиот паметен телефон е премногу мал за одредени задачи, и додава дека целта на новиот модел е да го промени токму тоа.

Ричард Ју истакнува дека компанијата ќе биде подготвена со производот во текот на следните 12 месеци, но не се обврзува на одреден рок. Реално, истото го сторија и остатокот од конкурентите. Барем за Samsung, најоптимистичките прогнози во моментов посочуваат премиера на мобилниот конгрес во Барселона во февруари.

Во интервјуто, Ричард Ју нагласува дека претекнувањето на Apple во продажбите е само дел од концептот за развој на Huawei и следната цел е постигнување на лидерската позиција во глобални рамки. Во овој контекст тој појаснува дека американскиот пазар не е толку важен за компанијата, бидејќи е само мал дел од сложувалката, и додава дека Huawei е глобален лидер во мрежната опрема иако практично не присуствува во САД.