Како да инсталирате iOS 12 уште сега?

од Vlatko K
147 прегледи

Apple ќе ја објави финалната верзија на iOS 12 на 17-ти септември. Тогаш софтверот ќе биде достапен за сите поддржани модели iPhone и iPad, но оние кои сакаат можат да се здобијат со најновата верзија на оперативниот систем уште сега и така да добијат пристап до подобрувања како поголема продуктивност, нови известувања и други корисни функции.

Компанијата од Купертино веќе ја има издадено конечната верзија на iOS 12 за учесниците во програмата за бета тестови и единственото нешто што треба да го направите е да се регистрирате во неа. За да го направите тоа, одете на beta.apple.com/sp/betaprogram/ и пријавете се со вашиот Apple ID.

Откако ќе ги прифатите сите потребни договори за лиценца, ќе ви биде дадена опција да преземете бета профил на Вашиот уред. Изберете ја опцијата „Инсталирај“ и внесете ја лозинката за вашиот телефон или таблет. Уредот ќе се рестартира, а потоа ќе видите достапно ажурирање на iOS 12, што само треба да го инсталирате на стандарден начин.

Запомнете, сепак, прво да направите резервна копија на вашите податоци преку iTunes.