Арома која ќе ве натера веднаш да пробате: Печурки пржени на маргарин

од desk2
148 прегледи

Брзо и вкусно јадење за цело семејство, особено деликатесно за љубителите на печурки.

СОСТОЈКИ:
400 гр. печурки
125 гр. маргарин
1-2 лажици масло
2 чешни лук
сол и бибер

ПОДГОТОВКА:
Се мијат и се двојат дршките од печурките, па ако сакате оставете ги цели, ако сакате исечете ги.
Се загрева маргарин и масло и се пржат печурките, со мешање.
Се динстаат околу еден час, и постојано се отвора капакот да се промеша.
Се ставаат потоа и лукот иситнет и зачини и се служи.