Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ на итна седница го усвои Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за кривична постапка на БиХ.

Основните промени во однос на првично предложените измени и дополнувања на Законот за кривична постапка се однесуваат на должината на траењето на истрагите, давањето имунитет на сведоци и на продолжување на веќе започнатите истраги.
Според новиот закон, имунитет веќе нема да може да се дава за кривични дела за кои следува затворска казна од десет или повеќе години. Со еден од амандманите е дефинирано и оти постоечките истраги ќе продолжат да се водат според досегашните одредби на ЗКП, а имените на законот ќе се применуваат на сите идни истраги.
Најважната измена се однесува на тоа дека истрагите на обвинителите веќе нема да можат да траат до бескрај. Во одреден рок обвинителот ќе мора да се изјасни во врска со истрагата, односно да донесе одлука дали ќе покрене обвинение или не. Ако не покрене обвинение, истрагата се прекинува.