Тројца лекари издавале фалш боледувања на Јанкулоска, Поповски и Андоновски

од desk4
105 прегледи

За тројца лекари, кои издавале боледувања на обвинети од СЈО, било констатирано низа пропусти на медицинските белешку од Државен санитарен и здравствен инспекторат, пренесува „Макфакс“.

Инспекторатот по барање на специјалното јавно обвинителство, направил серија проверки и утврдил дека медицинската документација за боледување на обвинетите Гордана Јанкулоска, (обвинета во неколку предмети на СЈО), Ѓоко Поповски (обвинет во „Триста“ и „Тенк“) и Милан Андоновски (обвинет во „Насилство“) со кое ќе го оправдаат отсуството од судските рочишта, има бројни пропусти.

Од СЈО за „Макфакс“ само кратко ја потврдија информацијата и рекоа дека проверката на веродостојноста на боледувањата ја спровел инспекторатот по нивно барање.