Меган Маркл во кујна (ВИДЕО)

од Vlatko K
123 прегледи

Во првата самостојна добротворна манифестација како дел од кралското семејство, Меган Маркл помогна за промовирањето на книга за готвење, средствата од која ќе им помогне на семејствата кои настрадале при пожарот во „Гринфел Тауер“, Лондон. Тогаш загинаа 72 лица.

Војвотката на Сасекс го напиша предговорот на книгата, а вчера го посети центарот „Al Manaar“ каде помогна за приготвување на ручек по дел од рецептите, вклучени во кулинарската книга. Таа се вика „Together: Our Community Cookbook“ и ќе биде достапна од четврток.

„Веднаш се почувствував поврзана со ова место и со луѓето таму. Ова не е само кујна, туку заедница каде жените се собираат за да се посмеат, да поплачат, да тагуваат за жртвите и да готват заедно“, вели Меган Маркл.

https://instagram.com/p/Bn0kvKOHMEq/?utm_source=ig_embed