Отец Пимен, кој е дел од кампањата на Собрание на РМ за поддршка на референдумот, е цел на жестоки и бескруполозни напади од корисници на социјалните мрежи. Тие постираат највулгарни напади и коментари со осуди за неговата постапка.
На ова, Отец Пимен смирено им одговори:
,,Кога јавно ќе искажеш став (правилен или погрешен ќе покаже историјата, а дотогаш бадијала ќе се кршат копја) свесен си дека право на свој став имаат и сите луѓе кои живеат во демократско општество. Очекуваш и дека ќе има и мајки и шајки и дискредитации и исмевања и лутења и плукања.
Додуша очекуваш и малку поаргументирани ставови во таа борба на мислења, ама сфаќаш дека првин се учи домашна култура, па потоа демократија.
Во некој стадиум на демократијата се раѓа и патриотизмот (да си ја сакаш татковината и твоите по род).
И бираш Стар или Нов Завет за да одговориш со око или со образ. И нормално им посакуваш
Бидете ми живи и здрави!“-пишува Отец Пимен.
Отец Пимен во спот повикува да се излезе и да се гласа ЗА на референдумот:
