Во својата книга “Целосно откривање”, Даниелс, исто така, претставува графички опис на сексуалните органи на Трамп.

  Гардијан забележува дека добил примерок од книгата пред да биде објавен на 2 октомври, еден месец пред клучните избори во САД.

Порно-актерката тврди дека спиела со Трамп повеќе од една деценија. Американскиот лидер негира, но неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен се изјасни за виновен дека извршил финансиски прекршоци за време на предизборната кампања, поврзани со обезбедување на 130 000 долари на Даниелс пред претседателските избори во ноември 2016 година, за да молчи за сексот  со Трамп. 

Сторми  Даниелс тврди дека спиела со Трамп за време на голф турнир на езерото Тахо во 2006 година Во овој период Мелани го  раѓа Барон – најмалиот син на претседателот на САД.

Во книгата пишува дека за прв пат го видела милијардерот. Порно актерката, исто така, пишува дека имала секс со Трамп откако таа била поканета на вечера со милијардерот од неговите телохранители.

“Можеби тоа е најмалку импресивен секс што некогаш сум го сторил, но тој не го дели тоа мислење”, вели таа.

Актерката се сеќава дека во 2016 година не можела да верува дека Трамп е близу до претседателството.

“Тој дури и не сакаше да биде претседател “, вели таа во нејзината книга.

  Мајкл Авенати, адвокат на Даниелс, напиша на “Твитер” во врска со материјалот на “Гардијан” дека “најважното нешто во книгата не е описот на сексот со господин Трамп , туку описот на нејзиниот живот и улогата на современа жена која не се плаши да ја каже вистината “.