Референдумски средби за европска Македонија

од desk4
102 прегледи

Ве информираме дека денес (19.09.2018, среда) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.

Во 18.00 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе учествува на трибина со граѓани во општина Аеродром, во паркот Јане Сандански.

Од 18:15 часот, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе биде со граѓаните на општина Ѓорче Петров, а во 19.00 часот ќе одржи мини трибина во урбаната заедница Даме Груев.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе биде со граѓаните во населени места низ општина Кавадарци од 13.30 часот. Николовски ќе ги посети и откупните пунктови, ќе даде изјава за медиумите а во 17.30 часот ќе се обрати на трибина со граѓаните на село Марена.

Од 17.00 часот министерот за здравство Венко Филипче ќе има средби со граѓаните во општина Арачиново.

Од 16.00 часот заменикот министер за образование Петар Атанасов ќе биде со граѓаните во општина Чучер Сандево, односно селата Кучевиште и Побожје.

Дополнително, Националниот координатор за НАТО,  Стево Пендаровски, заедно со Џорч Робертсон, поранешен генерален секретар на Алијансата во 18.00 часот ќе учествуваат на трибина со граѓани пред музејот во Битола.