Пилешка чорба со ѓумбир за здравје и сила

од desk2
337 прегледи

Одлично јадење што ќе ви ја врати силата по напорниот работен ден

Потребни состојки:
80 грама резанки за супа
лажица маслиново масло
1/2 главица кромид, исечкана
лажица рендан ѓумбир
исечкан морков
2 лажици соја сос
2 коцки за пилешка супа
чешне лук
шолја грашок
50 грама исечкано пилешко бело месо
шолја млеко од соја
малку босилек

Начин на подготовка:
Загрејте го маслото во голем лонец. Додајте го кромидот и динстајте додека не омекне. Додајте ги ѓумбирот и морковот и уште малку продинстајте. Додајте го и лукот. Потоа, разматете ја коцката за супа во топла вода, ставете ја во лонец и додајте го соја сосот, а потоа оставете да зоврие.

Додајте пилешко и грашок и оставете ги да зовријат. Намалете ја температурата и продолжете со загревање додека не омекне пилешкото. Додајте ги резанките и млекото од соја. Загревајте додека не омекнат резанките. Кога ќе биде готово, додајте босилек, добро промешајте и послужете ја вкусната чорба.