Одбележување на Светскиот ден на мирот

од desk4
172 прегледи

   Околу 100 ученици од основните училишта на Општина Бутел денеска ќе го одбележат Светскиот ден на мирот. 

Учениците кои се дел од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Меѓународниот ден на мирот ќе го одбележат со цртање графити, а ќе реализираат и отворен час за еко патрола.

Предвидено е да се одржи и дискусија за мирот и демократските вредности, а веднаш потоа, и младинскиот марш за мирот.