Денеска (21.09.2018, петок) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.
Во 21.00 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска , заедно со ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар, ќе учествува на отворањето на Штипската пастармајлијада.
Од 12:00 часот, министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде со граѓани и стопанственици низ општина Демир Хисар, а во 19.00 часот ќе се обрати на мал граѓански собир во село Суводол.
Од 17.00 часот, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе остварува средби со граѓаните на општина Илинден. 
Министерот за земјоделство, Љупчо Никоколовски ќе ги посети земјоделците од село Грушино во 11.45 часот.
Од 17.00 часот, заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески ќе биде со граѓаните во општина Пласница.
Пратеникот Александар Кирацоски, од 10 часот, ќе биде во општина Зелениково каде ќе остврави средби со жителите на општината. Во 12:15 часот, Кирацовски ќе даде изјава за медиуми во центарот на Зелениково.