Привремен сообраќаен режим поради Европската недела на мобилноста

од desk4
71 прегледи

   Поради одржување на активностите од Европската недела на мобилноста 2018, денеска од 10 до 14 часот за сообраќај ќе бидат затворени делови од улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“, на потегот од крстосницата со улицата „Даме Груев“ и булеварот „ВМРО“ до улицата „Филип Втори Македонски“. Сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

– Возилата на јавниот градски превоз што ги опслужуваат линиите што застануваат на автобуските стојалишта „Центар Рекорд“, а се движат од запад кон исток ќе бидат пренасочени преку улицата „Даме Груев“. Возилата на јавниот градски превоз кои се движат од исток кон запад ќе бидат пренасочени преку улицата „Свети Кирил и Методиј“, соопшти Град Скопје.

Градските власти апелираат учесниците во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот режим на сообраќај и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.