Ве информираме дека денес (23.09.2018, недела) Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани на плоштадот во Гевгелија, со почеток од 17:30 часот.
Потоа, премиерот ќе се обрати на голем граѓански собир во Струмица, со почеток од 20:00 часот.
(пренос во живо од овие настани ќе може да проследите на Фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев како и на Јутјуб каналот на izlezi.mk)
Претходно, од 11:30 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде со граѓаните на Злокуќани, Бардовци и Порта Влае, во општина Карпош.
Од 12.30 часот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и ќе биде со граѓаните во населените места низ општина Крива Паланка. Во 18.00 часот, министерот ќе се обрати пред мал собир на граѓани во село Конопница, а во 19.00 ќе се обрати во населбата Маневци.
Од 12.00 часот, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе биде со граѓаните на Битола, а во 20.00 часот ќе учествува на трибина со граѓаните на Велес, пред театарот Јордан-Џинот.
Од 13:45 часот, министерот за здравство Венко Филипче ќе биде со граѓаните во населените места низ општина Сопиште.
Со почеток во 18.15 часот, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ќе биде со граѓаните на општина Чаир, долж улицата Џон Кенеди.
Дополнително, од 14.00 часот, Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски ќе биде со жителите на Вевчани.
Потпретседателите на СДСМ Петре Шилегов и Фросина Ременски, ќе бидат во Брвеница и Конче. Потпретседателот Мухамед Зеќири ќе биде во Чашка а генералниот секретар на партијата и пратеник, Александар Кирацовски со граѓаните на Могила.