
Во мноштвото јавни личности кои деновиве се приклучуваат на кампањата „за“ референдумот е и легендарната актерка Шенка Колозова. Таа денеска преку видео порака, се обрати до јавноста дека ќе биде против секој влада, но не и против својата земја.
„Можам да бидам против оваа влада. Можам да бидам и против онаа влада. Можам да бидам против секој влада. Ама против својата земја, не можам, не сакам и не смеам да бидам. Затоа ќе излезам и ќе гласам „ЗА“. Зошто? За подобра иднина на сите нас“, вели во видео пораката Колозова.