Firefox Monitor ќе нѐ информира ако некој ни ја украл лозинката

од Vlatko K
118 прегледи

Моzillа веќе потврдија дека работат заедно со креаторот на веб сајтoт Have I Been Pwned (HIBP), Трој Хант над нов проект. Неговата цел е да се обезбеди интеграција на најголемата база на податоци на HIBP кон Mozilla Firefox. На овој начин корисниците кои го користат веб прелистувачот ќе можат да проверат дали лозинки за пристап до нивните сметки, биле жртви на хакери. Ова дефинитивно е доста корисна иновација што додава уште едно ниво на безбедност кон Mozilla Firefox.

Последните податоци на TechRadar откриваат дека веќе можеме да ja користиме оваа функционалност. Mozilla и Трој Хант создале веб алатка со името Firefox Monitor, којa ќе нѐ информира кога мејл адресите ни биле компромитирани од различни закани на интернет. Со текот на времето базата на податоци на HIBP се зголемува, a идејата е да се привлечат уште партнери, кои за возврат ќe помогнат за развојот на НIBP и ќе ја направат покорисна за сите корисници.

Ако сакате сами да го користите Firefox Monitor, добро е да знаете дека оваа функција функционира на ист начин како и онлајн HIBP алатката. Се што треба да направите е да ја внесете вашата email адреса и да кликнете на копчето „Scan“. Откако прегледот ќе заврши, ќе видите директно во веб-прелистувачот, ако вашите лични информации се компромитирани за разни закани на Интернет. Постои опција да добивате е-пошта при идни хакерски напади.