Гугл не е само името на најпопуларниот пребарувач на Интернет, но исто така и компанија, чии атрактивни производи се користат секојдневно од милиони луѓе низ целиот свет. Без разлика дали станува збор за водечкиот оперативен систем за паметни телефони, за најдобрата услуга за навигација или најголемата видео платформа на интернет, од Гугл секогаш имаат соодветно решение. Технолошкиот гигант е симбол на едни од најимпресивните иновации во последните две децении, кои секој ден ни штедат драгоцено време.
