Медитеранскиот циклон ќе ја погоди Грција

од desk4
189 прегледи

Во Грција, невремето Ксенофон продолжува. Многу пристаништа остануваат затворени.

Националната опсерваторија на атинската Метеослужба предупреди на можноста од формирање тропски циклон во Јонското Море. Се очекува тој да се движи кон исток, со што во сабота голем дел од Пелопонез и Крит, ќе бидат зафатени од дожд и силен ветер, пред невремето да се пресели на Атика, Евиа и Кикладиските Острови, се до Источните Егејски Острови и Додеканески Острови, на почетокот на следната недела.

Дури и повеќе турбулентни ветрови и поројни дождови се очекува да предизвикаат поплави. До недела, циклонот се очекува да ја покрие цела Грција.

Во северните предградија на Атина во четвртокот се забележани прекини на електричната енергија, главно предизвикани од паднати дрвја и гранки врз електричните водови како резултат на силните ветришта.
Училиштата во Атика ќе останат затворени во петокот

Сите училишта во Атика ќе останат затворени денеска по наредба на гувернерот на регионот Рена Дуру. Одлуката е донесена како мерка на претпазливост и да се ограничи движењето на децата на отворено, поради екстремните и опасните временски услови што се очекува да преовладуваат.

Наредби за затворање на училишта исто така се издадени и на Пелопонез,  Коринт, Арголис, Аркадија, Месинија и Лаконија и од регионот Западна Грција за Ахаја, Илија и Ајтолоакарнанија