Лед Цепелин повторно пред суд за плагијат, слушнете сами и пресудете

од desk2
115 прегледи

 

Американскиот апелационен суд нареди ново судење за музичката група Лед Цепелин по поовд тужбата во која се тврди дека копирале инструментал од 1960-тите за својот планетарно познат хит од 1971, “Stairway to Heaven”.

Поротата пред фередалниот суд во Лос Анџелес пред две години донесе пресуда во корист на групата, велејќи дека Лед Цепелин не го копирале инструменталот на песната “Taurus” на составот Spirit.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=6_AeMmTE2pc

Но, тројца судии од комисијата на деветтиот окружен апелационен суд едногласно тврдат дека судијата на понискиот суд изнесол погрешна пресуда под влијание на поротата и затоа случајот повторно е отворен.

Тужбата во 2015 година ја поднесе адвокатот на покојниот гитарист на групата Spirit, Ренди Волф.

https://www.youtube.com/watch?v=AritMvadO8U