Претседателот на Србија Александар Вучиќ на вонредна конференција за медиумите по повод саботните случувања во Косово, рече дека Србите во Косово треба да се смират, да ги напуштат барикадите, и дека на такви потези на Приштина и однесување на западот, одамна навикнал.

Тој рече дека денешниот инцидент е план на Приштина да ги преплаши на крај да ги протера Србите од северот на Косово. Покрај тоа ги повика Србите да ги напуштат барикадите и да бидат мирни.
„Вооружени косовски сили по бриселскиот договор може да се појават само под два кумулативни услови – одобрение од НАТО и полна согласност на локалните српски заедници. Првиот услов не знам дали е постигнат и не ми е гајле“, рече Вучиќ, додавајќи дека Србите не дале согласност.
Потсетуваме дека косовскиот претседател Хашим Тачи, денеска со придружба на тешко вооружени косовски специјалци дојде на Газивода, акумулативно езеро од кое поголемиот дел на Косово добива питка вода, а кое е спорна точка на договорот Белград-Приштина.
Настанот предизвика реакција на српскиот врв кој на чело со Вучиќ ја подигна подготвеноста на војската.