Секој десетти мејл во Gmail е напишан од чат ботовите на Google

од Vlatko K
97 прегледи

Google веќе почнаа да шират надградби, кои им овозможуваат на сите корисници на Gmail да имаат корист од функцијата Smart Reply. Toа е алатка која се потпира на алгоритми со машинско учење, за да создава автоматски одговори на пораки што ги добивате. Веројатно сте забележале во долниот дел на својот профил предлози како „Тhanks“, „See Ya Later“, „OK, Sounds Good“ и др. На тој начин, Smart Reply нѝ штеди драгоцено време за пишување на мејлови, известува CNet.

Според официјалните податоци, 10% од сите појдовни Gmail пораки моментално се генерирани од Smart Reply. Mного наскоро функцијата ќе биде овозможена стандардно за сите сметки во услугата, кои веќе надминуваат 1 милијарда. Тоа сигурно ќе им овозможи на повеќе луѓе да работат со услугата, како и на Google да ја направат Smart Reply попрецизна и корисна за сите. Колку повеќе прашања обработува функцијата, толку повеќе учи од корисничките навики и избира посоодветни одговори.

Податоците се доста интересни, бидејќи тие покажуваат уште еднаш колку корисни чат ботовите можат да бидат во современата комуникација. Интелигентните алгоритми за анализи ги анализираат Gmail пораките и обрнуваат внимание на клучни зборови и фрази кои можат да се користат за да се формулираат одговорите за секој корисник. Google, исто така, соопшти дека податоците не се делат со надворешни страни и не се чуваат на серверите на компанијата, бидејќи ја вреднуваат приватноста на нашите лични информации.