Во ЦЕРН непожелни научници со сексистички изјави

од desk2
157 прегледи

 

ЦЕРН ја прекина соработката со италијанскиот научник кој рече дека физиката е само за мажите и ги обвини жените дека добиваат места во таа бранша само поради расправата за рамноправност на половите.

Во петок европската организација за нуклеарни истражувања организираше семинар во Женева на кој беше повикан и Алесандро Струмија, италијански научник од Универзитетот во Пиза.

Повеќе жени научници кои учествуваат на тој семинар веднаш на социјалните мрежи ги споделија неговите сескистички изјави.

AFP пишува дека тој не бил на семинарот, но агенцијата имала увид во презентацијата на Струмија во која вели дека мажите се повеќе се дискриминирани на тоа подрачје.

Се поважната улога на жените на работни места поврзани со физиката тој ја објаснува исклучиво со поголемиот број рапсрави по прашањето на полот, а не нивните квалификации.

Во својата презентација вели: „Физиката ја измислија и ја изградија мажи, во тоа подрачје не се влегува со покана“.

„Физиката не е сесксистичка кон жените, но вистината не е важна затоа што се работи за политичка борба од надвор“.

ЦЕР, на чие чело е Италијанката Фабиола Џаноти, во соопштението оцени дека “посебно е шокантна презентацијата на тој повикан научник“.