Ѓукановиќ: Референдумот во Македонија аларм за тревога

од desk2
115 прегледи

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ предупреди дека исходот на референдумот во Макеоднија мора да биде аларм за тревога и последно предупредување за Брисел и на сите кои одлучуваат за ЕУ.

ЕУ, според него, мора далеку посериозно да се однесува кон проширувањето на Западен Балкан и да повлекува поодлучни потези.

„Збрката и неизвесноста на европските адреси ги храни илузиите на се уште полетните носители на назадни политики во регионот, а кои и понатаму сонуваат за прекомпозиција на регионот и големодржавни творби и неуморно бараат поддршка за тие идеи на некоја поважна меѓународна адреса“, вели тој.

Според него, резултатите од референдумот во Македонија најдобро сведочат за таа состојба, додеавајќи дека децениската запуштенот на овој проблем не можеше да се надокнади со интензивната поддршка од западните адреси во неколкуте последни месеци.

„Исто така рано и неподготвено се влезе во подготовка за референдумот, на домашната јавност и требаше да се остави уште малку време да го сфати значењето на толку важната додлука за иднината на нивната земја“, рече тој.

Оцени дека постои надеж дека пропуштеното може да се наодкнади со двотретинско мнозинство во парламентот во СКопје или преку нови избори.